СКОПСКИ КУЛТУРЕН ВОДИЧ
Добредојде на платформа создадена од љубов, волја и грижа, токму за тебе, љубопитниот истражувач на Скопје и неговиот културен пулс.Оваа платформа не е само список на актуелни настани. Таа е покана - да бидеш таму каде што се раѓа уметноста, каде што сцената се осветлува, платното почнува да зборува, а градот пулсира во боите на театарот, музиката, литературата и визуелната уметност. Секој концерт, изложба, филмска проекција или претстава тука е навремено најавена, но и секој настан можеш да го внесеш директно во твојот календар, во твоето секојдневие. Затоа што културата не е привилегија, таа е право. Право на информираност, учество и припадност.Кога си навремено информиран, ти стануваш дел од секој културен настан, не само како набљудувач, ти си поддржувач, сведок и учесник. Го поддржуваш локалниот уметник, му даваш смисла на неговиот труд, го одржуваш живо твоето омилено место и се поврзуваш со срцето на градот и со луѓето околу тебе.Овој културен водич е повеќе од информативен календар - тој е невидлива рака што се протега кон сите што ја градат културната сцена. Артистите, музичарите, актерите, писателите, кураторите, културните институции - сите тие што, секојдневно и неуморно, ја обликуваат душата на Скопје.Твоето присуство, аплаузот, зборот на поддршка - се токму она што им треба за да продолжат да создаваат.За уметност што остава трага. За култура што нè менува. За тебе, за нас - за побогато, поисполнето културно секојдневие во Скопје.Создадено со срце за моите сограѓани и за сите уметници и институции кои со својата работа ја оддржуваат културната искра на овој град.Со љубов,
Изабела Левенска Миљаниќ
Фондација д-р Михаил Левенски